Костените се насекаде околу нас во есен. Малку луѓе знаат дека костените можат да влијаат на енергетските вибрации, надополнување и релаксирачки човечки организам. Тие ни помагаат и да имаме подобар и здрав сон, пишува порталот gradina.mk.
Во многу култури дрвото костен се смета за магично. Лисјата личат на човечката дланка и тоа секогаш е поврзано со мистериозното и магичното. Се смета дека кој ќе заспие под костен, ќе има пророчки соништа.
Во минатото вавилонските исцелители ги терале болните 3 ноќи да спијат под процветан костен и дури потоа започнувале да ги извршуваат своите магии за исцелување.
Се смета дека грст костени во џеб може да го намали штетното влијание на мобилните телефони и другите безжични уреди до 40%. Ова се должи на фактот дека костените ги филтрираат штетните електромагнетни зрачења. Тоа се забележува насекаде: од микробранова, во фрижидерот и фенот, до сите електрични апарати во домот.”
Во народната медицина дивите костени се користат кај ревматоиден артритис и ишијас. За мирен сон може да поставите 5-6 костени под перницата. Костените емитуваат неповторлива енергија, која има позитивен ефект врз зглобовите, тетивите, мускулите и нервниот систем. Според народната медицина костен поставен во непосредна близина на главата е универзална пилула против главоболка.
Страни: 1 2