Една убава жена на 50 години, која е против шминката



Не е за верување дека Ел Макферсон има 50 години и изгледа сеуште блескаво.


Ел Макферсон не е обожавател на шминката. 50-годишната манекенка признава дека не сака да става козметика на лицето и претпочита да користи помалку клучни производи, за да се потенцираат нејзините најдобри особини.

Родена во Австралија, убавицата исто така призна, дека става ист машки парфем повеќе од три децении.


„Си ставам само сјај за усни и руменило. Потоа нанесувам сосема малку мат пудра. Го ставам машкиот парфем „Vetiver” на „Герлеин”. (Guerlain) во последните 30 години”, вели Мекферсон за британскиот весник „Метро”.

Русата убавица користи и козметички додаток кој се продава на личниот нејзин сајт „Welleco”.


Освен тоа, таа претпочита седум часа спиење, три литри вода, парна бања и малку свеж воздух.