Pantone ја најави бојата на 2015-та



Секоја зима Pantone ја најавува новата боја на годината. Оваа година е предложена винскс нијанса. Бојата Марсала, црвеникаво-кафеава, инспирирана од сицилијанските вина со истото име, е бојата на 2015 година, соопшти компанијата, позната по својот систем за согласност на боите.

Леатрис Ејземан, извршен директор на Институтот, објасни дека ова е унисекс боја, која е „срдечна, но стилска, универзално привлечна и лесно може да влезе во модата, убавината, индустрискиот дизајн, мебелот и ентериерот”.