Еден месец пиење Coca Cola дневно доведува до …



50-годишниот Џорџ Приор од Лос Анџелес, САД, се одлучил за еден експеримент, во кој потребно е да пие по 10 лименки Coca Cola на ден во текот на еден месец, за да види како тоа ќе влијае на неговиот организам.


Човекот се здебелил речиси со 13 кг, а крвниот притисок му скокнал до најопасното 145/96.

Покрај тоа, тој почувствувал силна желба да јаде благо, иако примал доволно шеќер на ден од испиените литри Coca Cola, пишува британскиот весник Telegraph.


Џорџ водел и видео дневник за време на неговиот експеримент. Почнав со овој експеримент, за да ги натерам луѓето да се замислат колку шеќер консумираат и колку е нездрав тој.

Навистина не би повторил ова искуство. Не ми се допаѓа да сум толку дебел, вели Џорџ во крајот на својот експеримент.

Претходно оваа година Светската здравствена организација ги советуваше луѓето за половина да го намалат количеството на шеќер што го консумираат секој ден.