Како да ја доживеете разделбата со достоинство



Лаура Јејтс е експерт за врски, кој им помага на мажите и жените да се опоравуваат по тешката разделба и да продолжат со своите животи.

Таа смета дека меѓу најважните работи за една личност со скршено срце е да го задржи своето достоинство и самопочит по доживеаната драма.

Еве кои се нејзините совети во оваа ситуација:

За време на разделба емоциите се на високо ниво и може да ве натераат да направите и кажете доста непромислено. Тогаш се вклучува инстинктот на самоодржување и шокот од осаменоста.

Импулсивноста е ваш непријател и од таа причина при разделбата потребно е време да помине од случувањата.  По неколку денови или недели ќе ги видите позитивно работите.

Разговарајте со пријател

Кога човек ги држи емоциите во себе, тие можат да го уништат. Затоа изплачете ја болката на доверливо рамо и веднаш ќе почувствувате олеснување.

Грижете се за вашето здравје

Срцевата болка често води до депресија, која пак резултира во многу пороци. Не се дружете со шишето и чоколадото, ниту со каучот, туку грабнете го вашиот живот во раце. Спортот е лековит, и корисната храна исто така.

Прекинете ја секоја врска со бившиот

Дури и да сте биле големи пријатели и да сте заедно со години, за да си дозволите време за размислување, треба целосно да се дистанцирате од човекот кој ве повредил. Избришете ги неговите броеви, како и контактот со него во социјалните мрежи.

Излегувајте со пријатели

Во овој тежок момент најдобро што може да направите е да сте во друштво и да се оддалечите од мрачните мисли.

Создадете си нови навики

Ова ќе ви помогне да излезете од минатото, во кој учество имал и вашиот партнер.