4 начини да изгледате свежо после препивање



1. Синоќа останав до доцна

Сонот е важен, бидејќи ги тера процесите за регенерација на кожата да работат со максимална брзина, а клетките се обновуваат побрзо. Тоа значи дека слојот мртви клетки, виновни за сивкастиот тен е отстранет во текот на ноќта и ти се будиш со сјајна кожа. Добриот пилинг веднаш го просветлува тенот, бидејќи го отстранува површинскиот слој излишни клетки. Продолжи со серуми и хидратанти, збогатени со блескавите честички.  


2 Од слатките пијалоци ми излегле пупки?

Верните сојузници во овој случај се цинкот и витаминот А, кои може да ги испиете во форма на апчиња или да се намачкате во форма на крем. Направете детоксикација на телото така што ќе испиете повеќе вода. Не пропуштајте да го исчистете лицето пред спиење.


3 Се преморив од шетање овој викенд

За да не чувствуваш замор по две или три последователни излегувања е убаво да примаш редовно мултивитамини. Зошто ? Прекумерната количина алкохол го оптоварува црниот дроб и дехидрира, водејќи до исцрпеност, блед тен и дури запек. Друг начин за полнење на батеријата е да одиш на сауна, која ќе ти ја прочисти кожата.

4 Потеченост околу очите

По тенката кожа околу очната зона прва дава знаци – приливот на повеќе крв во крвните садови предизвикува темни кругови. Тоа доведува до појавата на фини брчки токму околу очите. За да ги запрете овие процеси мачкајте се редовно со соодветен крем.