4 чудни причини да бидете во лошо расположение



Погледнете некои од најчудните причини поради кои може да бидете во лошо расположение.


Не сте пиеле доволно вода

Колку и многу да зборуваме дека важно пиењето на вода, вкупната потрошувачка на чиста вода на ден не надминува 1,5 литри кај повеќето жени.


Често жените се осврнуваат на диуретични пијалаци како зелениот чај, што всушност го засилува лачењето на течности. Недостатокот на доволно вода во организмот ги попречува нормалните функции, а ова вклучува и нарушена мозочна активност. А кога мозокот не функционира правилно, се појавуваат чувствата како анксиозност, избухливост, депресија.

Облеката ви е тесна


Обично жените имаат тенденција да се жртвуваат во името на модата и да носат премногу стегната облека. Почитувани дами, влегувањето во еден број помал од вистинскиот нема да ве направи послаби, туку само нервозни. Тесната облека ја запира циркулацијата, а тоа е доволна причина за непријатност и континуирани сигнали од вашето тело, дека нешто не е во ред.

Тесната долна облека е уште поштетна, бидејќи може да предизвика инфекции (ако зборуваме за бикини) или проблеми со млечните жлезди, па дури и рак (ако зборуваме за градници).

Треба да си го смените душекот

Колку години e креветот на кој спиете? Спиењето на лош душек не е одмор, туку мачење. Со лош душек наутро може да се будите со болки во грбот, вкочанети и намуртени.

Не земате доволно сол

За солта се зборува секогаш лошо. Да, тоа е така, но кога е во големи количини. Кога воопшто отсуствува од менито, недостатокот нејзин се манифестира во форма на лошо расположение.

Како и при недостаток на вода, причината е во прекршувања електролитен баланс во организмот, благодарение на кој се пренесуваат правилно електричните импулси од мозокот на телото и обратно. Максимално дозволената количина на сол, е 5 гр на ден.