Освојте го за четири минути



Сретнавте некое момче и сакате да го привлечете неговото внимание? За оставање совршен прв впечаток и не треба толку многу време.


Следните четири техники се клучни, вежбајте ги секој ден, а кога ќе дојде до клучната средба, во само неколку минути потполно ќе го маѓепсате.

Покажете ги вашите очи


Соговорникот гледајте го право во очи, како да пробуваш да го разбереш. Многумина кажуваат дека очите се огледало на душата. Додека вие го гледате него ќе му допуштите и тој да погледне во вашите очи, а тоа е еден од најбрзите начини за поврзување.

Смејте се


Заразното смеење и смеењето од срце е сјаен начин да воспоставите контакт со другата личност. Освен што ќе бидете поопуштени додека се смеете, ќе оставите впечаток на позитивна, добра личност со самодоверба, а тие се привлечни особини кои е тешко да се игнорираат или заборават.

Бидете сигурна во себе

На вас останува изборот дали сакате да го запознаете подобро и да процените дали навистина е добар за вас. Доколку изборот е ваш нема потреба да се чувствувате несигурно. Бидете она што сте, истакнете ги своите квалитети и немојте да се збуните. Од ставот кој ќе го завземете на почеток зависи како вашиот избраник подоцна ќе се однесува спрема вас.

Опуштете се

Не се плашете од гршни чекори, не правете се нешто што не сте, затоа што многу е важно тој да ве прифати таква каква што сте. Доколку во старт не му се допаднете, подобро тоа веднаш да го дознаете затоа што најверојатно тој и не е вистинскиот избор за вас.