Во многу-многу далечни времиња Господ направил 10 Адами: едниот ги пасел овците, другиот орал, третиот шиел …
Со два збора, секој си вршел работа … Но, еден ден тие се јавиле пред Господ и му рекле:
– Досадно ни е, можеш ли да ни помогнеш ?!
Господ им дал едно тесто и рекол:
– Нека секој од вас да направи од едно парче што ќе личи жена, таква каква што ќе му се допаѓа – полна или слаба, тажна или насмеана, ниска или висока …
Потоа Господ донесол една чинија со коцки шеќер и рекол:
– Земете си по една грутка од оваа шеќер и дајте на жената да ја изеде, за да ви биде животот со неа сладок!
Сите мажи тоа го направиле. Но, Господ се налутил на нив:
– Помеѓу вас има измамник, бидејќи на чинијата имаше 11 коцки шеќер и некој зел две наместо една!
Сепак, никој од Адамовците не си ја признал грешката и не се покајал. Тогаш Господ им ги зел жените, мешајќи ги и секому му дал она што му се паднало ….
Оттогаш 9 од 10 мажи помислиле дека туѓата жена е послатка, бидејќи јаделе со едно парченце шеќер повеќе од другите!
И само еден маж од десет знаел дека жената до него е единствената и непогрешлива, а другите се исти – затоа вишокот парченце шеќер тој си го изел сам!