Без разлика каде живееме, во куќа или стан, нов или стар дом, има едно место, во кое треба да се опуштиме и да се ослободиме од стресот. Ова место на тишината е нашата спална.
Без разлика колку е голема просторијата и каков мебел има во него, постојат неколку мали трикови, со кои лесно и без многу трошоци ќе ја претворите спалната соба во своја мала оаза на мирот.
Еве кои се тие:
1. Покријте го подот со тепих
Kилимот дава удобност на секоја соба. А и нема да ви е ладно, кога се шетате боси.
2. Направи место за седење
Идеална за тоа е клупата до креветот. Обично овие клупи се навистина удобни, бидејќи се прават со капак и во нив можете да ставите разни работи.
3. Направете да изгледа луксузно
Не треба да се трошат многу пари за скапи украси за да изгледа спалната луксузна. Доволно е да се стави на креветот меко, плишано ќебе, големи перници и слично!
4. Додадете топлина со светлата
Две-три светилки кои емитуваат дискретна светлина ќе внесат доза романтика во спалната.
5. Додадете комфорт со слики
Типот на прекрасен пејсаж на ѕидот делува смирувачки. Друга опција е позитивна мисла која ќе ви напомни дека животот е прекрасен.