
Под влијание на серија влажни и студени воздушни маси (влажните од Медитеранот и студените од северните предели од Европскиот Континент) времето во Македонија во текот на претстојната ноќ ќе биде облачно и студено со повремени локални врнежи од снег кој повеќе ќе го има во западните и во јужните предели.
Во текот на оваа ноќ ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Температурите ќе се движат во интервал од -8 до 0 степени.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски, meteomax.mk