Зошто излежувањето за време на викендот е корисно



Излежувањето во текот викендов е корисно за здравјето, бидејќи штити од дијабетес, утврдија научниците од Универзитетот во Колорадо, соопшти “Дејли мејл”.


Тие утврдија дека недостатокот на сон го зголемува ризикот од дијабетес за 16 проценти. Мрзата во кревет и спиењето до доцна во сабота и недела може моќно да му се спротивстави.

Екипата на Жозиан Брусар направилa обиди со волонтерите кои спиеле добро во текот на четири вечери и многу лошо за истиот временски период. Од добиените резултати станало видливо дека биле потребни само два дена добар сон во поголемо количество, за да се компензираат последиците од четири дена несоница.


Во експериментите биле вклучени 19 волонтери во млада возраст и во добра здравствена состојба.

Тие можеле да спијат по осум и пол часа во тек на четири дена. Потоа четири деноноќија им било дозволено да спијат не повеќе од 4,3 часа.


Учесниците добија право и на две ноќевања со 9,7 часа сон.