Шпанската принцеза Татјана една од најугледните светски личности



Татјана Санто Доминго стана позната во Европа со бракот со големиот син на Каролина Монакска Андреа Казираги, но пред свадбата 33-годишната деловна жена беше една од најпознатите светски личности во светот, пишува шпанскиот весник El Pais.


Нејзината улога во семејството Грималди ја стави во центарот на вниманието, иако не по нејзина волја. Според Business Insider нејзината состојба изнесува 2 милијарди евра, што ја прави една од најбогатите жени на Стариот континент.

Порастот на нејзината банкарска сметка се должи делумно на наследството што го добива по смртта на својот дедо, магнатот Хулио Марио Санто Доминго, кој починал во 2011 година.


Хулио Марио Санто Доминго е единствен човек, творец на цела империја. Роден е во Панама во 1923 година, но заминува за Колумбија, каде го започнува големиот подем до неговата трансформација во мултимилионер. Татко му Марио му остава добро наследство, но Хулио го множи и се претвора во еден од најбогатите луѓе во светот. Во моментот на смртта тој е на 108-тото место на листата на Forbes на најбогатите луѓе во светот. Тој поседувал колумбиска авиокомпанија, но и го создал брендот пиво, Bavaria.

princezasanta1


Но, и Татјана Санто Доминго секогаш работела. Таа се здружила со Дана Алихани каде ја создале компанијата за еколошка мода Muzungu Sisters. Татјана живее во Лондон со нејзиниот сопруг и двете деца, иако поминала доста време и во Монако. Таа се мажи за Андреа Казираги во 2013 година на граѓанската церемонија, а потоа ја повторила свадбата со религиозен брак во 2014 година.