Знаците дека му се допаѓате на колегата



На работното место често колегите стануваат пријатели. Тоа е логично, бидејќи тие поминуваат повеќе од 8 часа заедно во работните денови, што неминовно води до некакво приближување.


Еве и како да се препознае дали му се допаѓате на колегата:

1. Постојано ве следи


Ако постојано го насочува погледот, тогаш дефинитивно има симпатии кон вас.

2. Се врти постојано околу вас


Каде и да се свртиме, тој е во радиус од еден метар. Не само тоа, туку и се смешка без разлика што велите. Ако оваа идеја не ви се допаѓа, бегајте, додека е време!

3. Се однесува со вас различно и сака да поминувате повеќе време заедно

Вашиот колега не зборува многу, но кога вие ќе го прашате нешто, тој запаѓа во детални објаснувања, се насмевнува и се држи со вас како да сте стари пријатели. Не само што ви одговара исцрпно, туку наоѓа нови и нови теми, само и само да го подржува дијалогот.

4. Прави мали гестови

Наутро наоѓате чаша со вашето омилено кафе на масата, постојано минува околу вашето биро, ве прашува дали сакате нешто за ручек итн – тоа не се невини пријателски гестови! Тој само сака да го освои вашето внимание.

5. Споделува со вас лични работи од својот живот

Тој ви пишува на социјалните мрежи и ви раскажува за себе и својот живот. И за да може да разговарате мирно, дури те кани на кафе или вечера надвор од канцеларијата.

6. Го сослушува вашиот живот

Не само што се отвора пред вас за неговите искуства, но и постојано се копа во вашиот живот. Сака да дознае дали имате дечко, какви се вашите хобија, што сакате и што не.

7. Ве бара и после работното време

Божем сака да ве праша нешто за работата, но реално само сака да го слушне вашиот глас и да разбере каде сте и со кого сте. Ако не ви е пријатно, подобро не го кревајте телефонот.