Тајната на долговечноста на Јапонците



Јапонците имаат висок животен век, и просечно жените живеат 87 години, а мажите 80. Најстариот човек во светот во моментов е Сакари Момори од Јапонија. Има 111 години.


За споредба во САД, на пример, просечниот животен век за жените е 81 години, а за мажите 76 година. Покрај тоа околу 75 проценти од овие години, јапонците живеат во релативно добро здравје! Тешко е да се каже со точност зошто Јапонците живеат толку долго под услов дека живеат во голем стрес – работат долги часови, во градовите патуваат до работа во преполнетата подземна железница, живеат во мали станови, вработените се под голем притисок на работното место да постигнуваат добри резултати.

Во книгата „Јапонските жени не стареат и не се дебелат” Наоми Моријама вели дека долговечноста на Јапонците се должи на комбинацијата од малите порции и вкусна, но нискокалорична храна како риба и зеленчук.


„Јапонската храна е како iPod – таа се концентрира на убавото и корисното во многу мала порција”, пишува таа. Јапонците јадат и многу тофу, алги и октопод. Според други објаснувања Јапонците живеат спокојно, немаат високи сметки за здравствено осигурување и се радуваат на помош од своите деца.

Возрасните Јапонци живеат дома, а не во болници и старечки домови. Каква и да е тајната, сепак, пред Јапонците останува еден проблем – стареењето на населението. Должината на животот е висок, но наталитетот е ужасно низок и наскоро општествениот систем на земјата ќе се покаже под голем притисок, под кој нема да може да издржи.