„Животот е убав“ на Андријана Јаневска убедливо води на првото место



Заслужено, би рекле ние! На лична покана на организаторите на најголемиот онлајн музички натпревар EuroMusic Contest 2014, Андријана Јаневска се натпреварува со песната „Животот е убав“ (музика и аранжман Драган Гиновски-Гино, текст Андријана Јаневска).


Гласањето започна на 10ти април, а завршува на полноќ на 10ти мај. Од самиот почеток до денес е на првата позиција, што значи дека доколку заврши на првото место, ќе ја претставува Македонија во големото финале кое се одржува на 30ти јуни во Париз, Франција. Финалето ќе го пренесуваат над 88 земји во светот.

За жал, зад неа не стои ниту една продукциска куќа која би ја поддржала и нема огромно организирано гласачко тело за да биде сигурна дека ќе заврши на првото место. За да го постигне тоа, потребна е нејзината поддршка.


Гласањето трае уште неколку дена. Може да се гласа секој ден по еднаш од еден ФБ профил на следниот линк:

http://euromusiccontest.com/andrijana-janevska


(десно, VOTE WITH FACEBOOK)