Кога е време да се стави крај



Врските се доста комплицирано нешто и често не може да се предвиди нивниот крај. Дури и да ви е волшебна бурната страст, да верувате дека човекот до вас ве сака со целото свое срце, во даден момент сè може да се заврти за 180 степени.

Со текот на времето сосема е можно вашата прекрасна љубов да стане нешто стресно, оптоварувачко и бесмислено. Никој не рече дека треба да сте заедно доживотно, па ако забележите дека работите меѓу вас веќе не одат на добро, не му ја мислите, туку разделете се.

Еве и кои се знаците да ставите крај  :

1 . Често си мислите за животот без него / неа

Ако се почесто се враќате во минатото, тоа може да значи дека не сте среќна во моментот.

2 . Не ви оди разговорот

Комуникацијата е многу важна за создавање на силна и вистинска врска. Ако потешко наоѓате заеднички јазик со партнерот, можеби е време за промена … и тоа радикална.

3 . Речиси не правите секс

Тој постојано не е расположен? Тој е вечно нервозен и уморен … Се сеќавате кога последен имавте секс?

4 . Се карате постојано

Некои парови имаат бурни врски и често се расправаат, но ако вашите скандали се полни со горчина и го зголемуваат јазот меѓу вас, тие нема како да ја зајакнат вашата врска.

5 . Никој од двајцата не се обидува да ги поправи работите

Апатијата и недостатокот на желба да ја подобрите вашата врска, значи дека таа е тотално исцрпена.

6 . Поминувате повеќе време со вашите пријатели отколку заедно

Штом не издржувате да бидете со партнерот некаде, што е причината да продолжувате да имате врска?