Жените кои раѓаат подоцна, живеат подолго



Жените кои раѓаат во подоцнежна фаза од животот, живеат подолго. Истражувањето покажува дека жените кои го раѓаат последното дете по 33-годишна возраст, имаат два пати поголеми шанси да го прослават 95-тиот роденден во споредба со жените кои раѓаат за последното до 29-годишна возраст.


„Тоа не значи дека жените треба да го одложат раѓањето деца, за да го продолжат својот живот. Возраста на последното раѓање може да биде показател за стареењето. Природната способност да имаш дете на постара возраст можеби покажува дека репродуктивниот систем на жените старее бавно, како и целиот нивен организам”, вели д-р Томас Перлс од медицинскиот центар на Бостонскиот универзитет во САД.

Научниците ги анализирале податоците од социјалното генетско истражување Long Life Family Study меѓу 551 семејства. Голем дел од членовите на овие семејства се радуваат на исклучително долг живот.


Резултатите од истражувањето покажуваат дека веројатно жените се виновни за еволуцијата на генетските варијации, кои го успоруваат стареењето.