Пресврт со времето: Еве што не очекува од денес



Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Утрото ќе биде посвежо со температури кои ќе бидат во интервалот од 1 до 10 степени, а дневната највисока температура ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 22 до 28 степени, соопшти УХМР.


Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурите ќе се движат од 5 до 26 степени.

Следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец.


Во петок попладне и во сабота ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд.