Оваа Италијанка е единствениот жив човек на планетата, роден во 19-тиот век



Италијанката Ема Морати е единствениот жив човек на земјата, роден во 19-тиот век. 116-годишната жена сега е најстариот жител на планетата, пишува ирскиот “Индипендент”. Датумот на раѓање е 29 ноември 1899 година. Тоа е само 4 месеци по раѓањето на Сузана Мушат Џонс, која почина во четвртокот во Њујорк, исто така на 116 години.


Таа живее во Вербанија – планински град во северна Италија, кој се наоѓа над езерото Лаго Маџоре. Тие, сепак, треба да почекаат додека повозрасната жена подреме, за да има сили да ги пречека. Морати живее во чист еднособен стан од кој не излегува. Друштво и прават негувателките и двете внуци. “Добро сум на 116”, вели жената од кревет.

“Го завршив училиштето и почнав работа. Пеев. Имав убав глас “, сумираше за долгиот живот. Нејзиниот лекар Карло Бава вели дека таа никогаш немала многу балансирана исхрана, и конзумирала животински протеини, понекогаш банани и овошје според сезоната.


Сега таа јаде по две сирови јајца и 100 г стек филе, препорачани и од лекарот поради анемија. Таа имала и сестра, која живеела над 100 години.

“Долговечноста и се должи на генетиката, ништо друго. Таа е човек кој од рана возраст имала тежок живот, која би ја потрошила животната енергија на секого “, вели лекарот. Сопругот на Морати ја тепал, а кога била млада го изгубила и синот, кој имал само 6 месеци.

Работела во фабрика, а потоа во хотел додека достигнала возраст за пензионирање.