Жена се разбуди по 8-месечна кома и откри нешто шокантно



Кинескињата Лин Ингуинг, на 22-години, се разбуди од кома и го обвини нејзиниот пријател Лиу Фенг дека брутално ја претепал. Најчудно во случајот е дека ова се случува откако тој е наречен херој од сите во земјата, бидејќи платил околу 35 000 евра за нејзиното лекување во болница, како и бдеење над неа голем дел од своето време, информираше “мирор”.


 

Лин Ингуинг паднала во 8-месечна кома по многу сериозна повреда на главата.


 

Сега, сепак, по освестувањето, тој е наречен измамник по откритието на Лин дека всушност тој е причината таа да помине толку време во оваа состојба.


 

Лин раскажа дека на тој ден работела во фирмата на Фенг за производство на леб. Тој ја обвинил дека го изпекла лошо лебот и тој безмилосно ја удрил со точилката, по што таа паднала во кома.

 

Покрај тоа таа раскажала дека нејзиниот пријател ја претепувал уште неколку пати.