Бегалка од Сирија на дождот свиреше пиано на македонската граница



Кинескиот уметник Аи Веивеи вчера донесе големо бело пијано во калливиот, потопен од дожд камп за бегалци на нашата јужна граница, за млада сириска бегалка да може да свири прв пат после три години, информираше тера тв.


Свирејќи на дождот под најлон, 24-годишната Нур Алкзам, која се надева дека ќе му се придружи на својот сопруг во Германија, свирела 20 минути во кампот Идомени, каде моментално 12000 бегалци се заглавени во лоши услови.

„Ова е наш обид да создадеме можност за оваа дама“, изјави Аи на крајот на непланираната изведба. „Таа е жртва на оваа војна. Немала шанса да допре пијано веќе три години. Таа и нејзиниот сопруг се разделени веќе една и пол година“.