Започна ,,Матурско Кралство” – бајката во режија на Цаци Паковска



,,Возбудена сум затоа што за долгоочекуваната матурска ноќ јас изгледам волшебно. Би ги советувала сите матуранти и матурантки да се пријават на претстојните кастинзи затоа што се во сигурни раце и нема да погрешат во изборот на гардероба и стил.– изјави Катерина Астарџиева, матурантка


Приказната наречена  ,,Матурско Кралство ” започна во Skopje City Mall. Од 19-ти до 10 мај сите пријавени матуранти со помош на стилистот Цаци Паковска, ќе можат да го одберат комплетниот изглед ( облека, модни додатоци, шминка и фирзура), така што ќе се направи целосна преобразба и предлози за тоа како би требало да изгледаат за својата матурска вечер.

Првата преобразба се емитуваше синоќа, во рамките на модната емисија “Стилисимо” (МРТВ 1, недела).  Првото снимање за матурската преобразба беше со Катерина Астарџиева,  18 години, од Неготино, од ОУ ,,Димитар Влахов”, за чија преобразба беа заслужни P.S. Fashion, Виктор Шевињон, Парфоа, Силуете, а секако стилизирано од Цаци Паковска. Цела таа среќа чини 12.000 денари, што е доказ дека и кај нас има соодветна понуда се сечиј џеб и вкус.


IMG_3122

,,Возбудена сум затоа што за долгоочекуваната матурска ноќ јас изгледам волшебно. Би ги советувала сите матуранти и матурантки да се пријават на претстојните кастинзи затоа што се во сигурни раце и нема да погрешат во изборот на гардероба и стил. Полесно е кога некој друг се грижи за Вашиот матурски изглед и имиџ. Среќна сум затоа што Цаци Паковска го истакна најубавото од мене.– изјави Катерина Астарџиева, матурантка


Следниот кастинг за Матурска преобразба ќе се оддржи во вторник, на 28 април во Скопје Сити Мол, во холот од страната на Плеј Кафе, од 18 часот и 30 минути до 20 часот и 30 минути.

Пролетта е период кога сите матуранти се подготвуваат за својата матурска ноќ. Во потрага по совршениот аутфит, Скопје Сити Мол ги повикува сите матуранти да дојдат на кастинг за матурска преобразба и средувањто да им го препуштат на професионалци.