Антонио Бандерас и искуството да ја љубиш поранешната сопруга



Дури и по 19 години брак, очигледно оваа максима важи, особено во случајот на Антонио Бандерас и Мелани Грифит.

Двајцата се разведоа минатата година, откако Мелани поднесе молба за развод со класичните аргументи “непремостливи разлики во карактерите”.

Сега сепак Бандерас изјави дека се уште ја сака својата поранешна сопруга. Во едно неодамнешно свое интервју тој споделува:

“Тоа беше една година полна со промени … Понекогаш во животот се случува, да се изградиш повторно. Работите се случуваат сами од себе.

Никој не е целосно добар или лош, особено во една врска. Работите едноставно завршуваат сами.

Тешко ни беше … нашата долгогодишна врска се распадна. Но, јас уште ја сакам и се трудам да имаме добри пријателски односи”.

За да се справите полесно со тешката промена во личниот живот, Антонио објави дека има намера да се пресели да живее во Лондон и да се запише да изучува мода во универзитетот “St Martin”.

Исто така, тој изјави дека се надева да има повеќе време за своето семејство и најмногу за 18-годишната ќерка Стела Бандерас.