Како изгледаа познатите на својата матурска ноќ? (Фото)



Нашите познати јавни личности беа матуранти пред неколку години. Кој пред 10-тини години, 15-тина или помалку, тие тогаш биле во чекор со тогашната мода. Во прилог дознавате како изгледале Панчо, Маја Поцевска, Кристина Арнаудова, Симона и останатите јавни личности кои ни открија детали од нивниот матурски изглед.


,,Носев кратко црно фустанче со високи штикли за кое тогаш, а и сегa да го носам изгледа модерно, затоа што таквите фустанчиња секоја девојка треба да ги има во својот плакар, не зависно од тоа дали ќе ги носи на свечена или матурска пригода. Косата ми беше собрана и изгледав ненаметливо, во чекор со моите години тогаш.– изјави Маја Поцевска, водителка

maja pocevska


Како Маја така и пејачката Симона изгледала ненаметливо за својата матурска ноќ.

,,Никогаш не сум ја сфаќала матурската ноќ толку гламурозно, дека треба да изгледам нешто многу по различно од тоа што сум била. Носев црно фустанче со розев детал. Шминката ми беше нежна, ненаметлива, како и косата фатена, лабаво фатена ми беше. Убава ноќ беше тоа.”– се сеќава пејачката Симона


simona

 

Освен дамите, со елегантен и интересен изглед може да се пофали и Панчо, кој за таа ноќ бил во Америка, но сепак останал доследен на трендот да изгледа модерно и во негов стил.

,,За мојата матура бев во Америка. Носев токсидо со руска јака, баш си бев модерен и изгледав многу тренди за тоа време. И денес да го облечам тоа, пак ќе изгледам интересно и фино.– рече Панчо

panco

Водителката Здравкица Милиќ, која секогаш изгледа дотерано и средено, со насмевка се сеќава на матурската ноќ и тогашниот нејзин изглед за таа пригода.

,,Во тоа време мислев дека така треба. Носев бел, долг, чипкан фустан, кој навистина беше убав. Косата ми беше скроз собрана, имав шпанска пунџа и носев кратко болеро. Единствено нешто што тогаш имав зацртано беше да носам бел фустан. Од оваа дистанца денес, не би избрала сигурно бела боја, ниту толку сериозен изглед, но тоа си оди со годините. Кога си помлад сакаш да изгледаш постаро и обратно.– беше искрена водителката Здравкица

Страни: 1 2