Веренички прстен од соништата



Како симбол на вечна и голема љубов, лојалност и верност, вереничкиот прстен секогаш треба да изгледа магично и спектакуларно. Сепак малиот пазар во нашата држава, а и високите цени на дијамантските камења понекогаш навистина ја отежнуваат ситуацијата, но тоа не значи дека не постојат одлични алтернативи кои ја имаат истата вредност и убавина. Доколку некогаш сте наишле на моисанит како вид на драгоцен камен, тогаш со сигурност ве воодушевил со својата сјајност. Доколку пак никогаш претходно немате слушнато за него, време е да дознаете нешто повеќе за оваа неверојатна алтернатива на дијамантските камења. 


Моисанит е скапоцен камен, којшто бил откриен од францускиот научник и нобеловец по хемија, Хенри Моисан, во 1893 година. Хенри пронашол микроскопски честички од овој камен во Аризона, во кратер создаден од метеорит кој паднал на Земјата пред околу 50.000 години. Тој го поминал својот живот обидувајќи се да го создаде одново овој камен во неговата лабораторија, но тоа не се случило сè до 90-тите години на минатиот век, кога неколку научници од Северна Каролина, конечно успеале во тоа. Честичките конечно биле успешно синтетизирани и отогаш почнал да се создава најблескавиот камен во светот.

Природен моисант, скоро и да не може да се најде, но лабораториски создадениот е совршен и без ниедна мана, благодарение на веќе усовршениот процес на неговото создавање. Поради своите својства, овие камења честопати се споредуваат со дијамантите, а се подолготрајни од нив, сафирот, рубинот, смаргадот и многу други.


1-2

Трајност и цврстина


Секој скапоцен камен се мери на Мосовото скалило на цврстина. На ова скалило, моисантот покажува цврстина од 9.25, за разлика од сафирот кој покажува 9 и смаргадот кој покажува 7.5. Неговиот најдиректен конкурент, дијамантот, според ова скалило покажува 10. Моисантот високо котира на ова скалило и токму затоа многумина се определуваат да купат токму ваков драг камен за својата понежна половина. Идеален е за секојдневно носење, бидејќи неговите својства нема да дозволат ниаккви гребаници или оштетувања.

Секој производител на прстени со моисанит, ветува и гарантира дека каменот нема никогаш да ги изгуби своите својства и дека ќе биде еднакво сјаен, како првиот ден, и по 100 години носење.

2

Сјајност

Можеби во цврстина дијамантот е малку понапред, но во сјајност моисантот е број еден. Дијамантот е со индекс на рефракација 2.42 RI, додека моисантот е помеѓу 2.65 и 2.69 RI. Од останатите драги камења, сафирот е 1.77 RI, а смарагдот 1.58 RI.

Во секој случај, многу е важно да се спомене дека за разлика од дијамантите, моисантот рефлектира поинаков тип на сјајност, која дури може да биде и пресилна, кога е директно изложен на сонце.

4-1

Боја

Моисантот е безбоен драг камен, но може да проектира жолта или сина боја, кога е подолго изложен на одредена светлина. Колку е поголем каменот, толку полесно ќе се забележуваат боите.

5

Цена

За разлика од голем број други скапоцени камења моисанитот е далеку поевтин од сите. Токму затоа и голем број луѓе ширум светот се определуваат за ваков тип на лабораториски создаден скапоцен камен, кој е речиси подеднакво прекрасен како и дијамантот. Со оглед на цената и квалитетот, тој полека се пробива како водечки камен за изработка на веренички прстени, кои ги посакуваат голем број на жени.

Доколку ве заинтересира темава, блогот Lifestyleupdated.com има објавено детална и обемна статија, каде што ќе можете да прочитате многу повеќе за моисанитот, како и за овој тип веренички прстени (Moissanite engagement ring).