Српскиот принц Михајло се ожени за убавата фармацевтка Љубица Љубисавлевич. Тие се венчаа во црквата “Св. Георги ” во српскиот град Опленац, каде се погребани посмртните останки на членовите на неговата династија.
Само околу сто и педесет приврзаници на кралското семејство се собраа покрај црквата, каде не беа земени никакви безбедносни мерки – неспоредливо со стоте илјади лица кои се собраа во Белград пред речиси еден век за свадбата на дедото на младоженецот – српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.
Михајло е роден во Лондон, а живее во Србија од пред околу 10 години. Погледнете дел од фотографиите од нивната церемонија: