
Тој е од прекрасната раса фризиски коњи и целосно ја заслужи славата како најубавиот пастув на светот. Видеото со Фридрих Велики не престанува да го обиколува интернетот и да предизвикува восхит кај милиони луѓе низ светот, пишуваат од gradina.mk.
За него имаат отворено и фејсбук страна со десетици илјади фанови, кои се зголемуваат секојдневно.
Тоа се коњи одгледувани во северна Холандија, а расата станува многу популарна, откако навлегува во видното поле на филмската индустрија.
Фризиските коњи учествуваат успешно во блокбастер продукциите како “Маската на Зоро” и “Хрониките на Нарнија”.
Уживајте во неверојатната убавина на Фридрих Велики.