Напишете го ова на Google и ќе ви каже каде е вашиот телефон



Сега Google ви овозможува да го најдете вашиот Android телефон доколку на главната веб страница за пребарување напишете “find my phone (најди го мојот телефон)”.


Првиот резултат во листата ќе биде карта со точната локализација на вашиот телефон. Потоа преку паѓачкото мени можете да звоните на телефон директно од прелистувачот.

Новата функција за пребарување е лесен начин да го најдете вашиот изгубен телефон, ако имате пристап до пребарувачот. Пред тоа најдобар начин за наоѓање на изгубениот Android телефон беше да користите Android Device Manager, кој овозможуваше далечинско заклучување или бришење на вашиот телефон.