Постариот сопруг го намалува животот на жената



Голем дел од жените бараат спокоен и стабилен сопруг. Не се реткост паровите меѓу кои има доста солидна разлика во годините.


Доста истражувања покажуваат дека таквите семејства, не се помалку стабилни и среќни од оние во кои возрасната разлика е минимална.

Истражувањата се категорични дека издржливата возраст на мажот сопруг го скратува времетраењето на животот на жената. Мислењето е на специјалисти од германскиот институт за демографски истражувања “Макс Планк”.


Обратната ситуација, сепак е доста во корист на мажите. Овие претставници на посилниот пол, кои одбрале за жена некоја млада убавица, докажано живеат подолго од оние во брак со свои врсници.

Анкетата покажа дека ризикот од смрт кај мажите чии нежни половинки се помлади од нив со 7 до 9 години, е со 11% понизок отколку кај оние чии сопруги биле на возраст блиска до нивната.


Крајните резултати на германските експерти докажуваат дека животот на младите сопруги или сопрузи им се скратува сразмерно на возрасната разлика помеѓу нив и партнерката. Тука не е важно кој од двајцата е постар.

Причината за ова лежи најверојатно во стресот.

Ако разликата е помеѓу 11 и 13 години, процентот отскокнува на 20%. Понатаму броевите се зголемуваат, како резултат на што кај возрасната разлика 17 години, ризикот за сопругата е до 30% и повеќе.