
Освежувачки утрински воздух, мирис на цимет, топли чорапи и меки елеци. Септември е тука и со себе носи една многу слатка носталгија. Кожата ни е сеуште со боја на кафе и млеко, спомените ни се солени, сонцето сјае на хоризонтот, иако се помалку.
Септември е месецот со пријатен ветер, со мирис на печени пиперки, омилена гозба и пријатни вечери дома, во кои сакаме само топло ќебе, чаша чај и прегратката на саканиот.
Овој месец е време за љубов.
Септември е време за поезија, старомодна романтика, тивка музика и долги бакнежи. Бидете храбри, започнете нешто ново, сакајте се себе, потрудете се да направите барем едно добро дело.
Да, летото завршува, но септември не е страшен месец. Тој е исто толку волшебен со своите огнени бои, богати ароми и заситени емоции. Тој никогаш не доцни, дури ни се чини дека секоја година има подрането.
Но, тој доаѓа порано, бидејќи ни е потребен. Бидејќи по летните страсти е време за мир, комфорт и многу љубов.