Кои се кризите во љубовта?



Според психолозите кризите со кои се соочува една двојка се четири, во различни периоди од заедничкиот соживот.


Прва криза – тоа е уште во првата година од заедничкиот соживот. Тогаш настанува прилагодување на карактерите што во многу случаи доведува до разделба. Во оваа криза важно е секој од двајцата да прави компромиси, за да ја преживеете врската.

Втората криза е кога ќе се појави бебето. Жената оладува кон мажот, мажот е љубоморен на бебето и во исто време се иритира, ако жената не го гледа според неговите правила.


По 7 години соживот настапува кризата на монотонијата. Секој од двајцата има потреба од нови сензации, од нова возбуда и емоции.

Последната криза е откако двајцата живееле дваесетина години. Тие се како една целина, и ги предвидуваат реакциите во секој момент. И токму тогаш ги стигнува кризата. Тие чувствуваат празнина и безпредметност на соживот, бидејќи веќе нема што да очекуваат едни од други, нема изненадувања.