Што значат машките допири



Мажите сакаат да допираат и тоа е прв знак на внимание кој јасно ќе ви даде до знаење дали е заинтересиран за вас.


Допирот е често завршниот дел од додворувањето, кога ви станува кристално јасно дека некоја личност е заинтересирана за вас. Но, што всушност значат различните допири на мажите?

Ако ви ја допира раката, тоа значи дека полека ја испитува територијата и се обидува да оцени дали сте заинтересирани за него. Сака да ја види вашата реакција на допир за да ја процени хемијата меѓу вас.


Во случај да сте на некоја забава или во гужва, па постојано ги чувствувате неговите допири на себе, бидете сигурни дека се запалил за вас, а на истите тие места новиот дечко постојано ќе ја држи својата нова девојка за рака или долниот дел на грбот.

На тој начин ви даваат до знаење дека не сакаат да ве изгубат и дека многу му значите, што всушност е комплимент кој би било добро радосно да го прифатите.