
Оваа диета е одличен извор на витамини, го забрзува и регулира метаболизмот. Веќе знаете дека брокулите се едни од најздравите зеленчуци, а сега испробајте ги и за слабеење и подобрување на благосостојбата на организмот.
Првите 6 дена се основната фаза на диетата, а следните 4 дена се дополнителни.
Ден 1 и 2:
Појадок: варени брокули без сол, 1-2 чаши црн чај без шеќер. Ручек: 150 гр варено пилешко, супа од зеленчук по избор, 100 гр варени брокули. Вечера: 250 гр варени брокули, 1-2 чаши црн чај без шеќер.
Ден 3 и 4:
Појадок: варени брокули со малку маслиново масло. Ручек: брокули со домати и кромид, парче варена соја 200 гр. Вечера: истото мени како и појадокот.
Ден 5 и 6:
Појадок: салата од брокули со павлака и 150 гр варено телешко месо. Ручек: 200 гр брокули и чаша кисело млеко. Вечера: варено телешко 150 гр и две чаши зелен чај.
Последните 4 дена:
Појадок: варени брокули и две белки од јајце. Ручек: риба на скара 200 гр и 150 гр брокули со свеж магдонос. Вечера 4 лажици овесни јатки со јогурт.
Вечерата не треба да биде подоцна од 19 часот, а пред спиење се препорачува да се пие по 400 мл зелен чај без шеќер.