Што жените намерно прикриваат од мажите



Можеби сте ја слушнале фразата дека “срцето на жената е длабок океан од тајни”. Се разбира, секој човек има свои мали тајни, но жените имаат такви кои никогаш не би ги признале пред својот партнер.


Не затоа што се многу пострашни и би ја загрозиле сериозно нивната врска, туку бидејќи едноставно не сакаат нивните мажи да бидат повредени.

Еве и кои се работите кои дамите намерно ги прикриваат од мажите :


1 . Чуваат спомени од претходните врски. Ова се едни од најчестите тајни кои жените ги чуваат од своите партнери. Иако повеќето дами не сакаат да си признаат дека задржуваат убави спомени од претходните врски ова сепак не значи дека тие се уште имаат чувства кон своите поранешни половинки.

2 . Што мислат за подароците од својот љубовник. Повеќето жени никогаш нема да кажат на својата партнерка дека не им се допаѓаат некои од подароците кои ги добиле. Тие ќе го направат тоа од проста причина што не сакаат да ги повредат чувствата на мажот до себе. Жените ги ценат напорите на своите партнери, затоа што знаат дека мажите не се многу добри во изборот на подароци.


3 . Колку пари трошат за облека. Можеби тука не спаѓаат апсолутно сите жени, но голем дел од нив нема да го кажат износот кој го дале за нова чанта, на пример. На овој начин дамите избегнуваат евентуални спорови и расправии.

4 . Начинот на кој гледаат на вашето семејство. Жените не би биле директни, затоа што знаат дека на тој начин би ја загрозиле нивната врска и затоа не сакаат да ги повредат чувствата на својот партнер. Дамите едноставно сакаат да го избегнуваат колку што може контактот со луѓето од вашето семејство.

5 . Сеуште ги следат своите поранешни. Можеби зборот ” следат ” е малку претеран, но станува збор за тоа дека повеќето жени сеуште проверуваат што се случува со нивните поранешни. Било да е тоа на Facebook, Twitter, Instagram или едноставно барајќи заеднички познаници.

6 . Сеуште се слушаат со некој поранешен. Чисто пријателски, но тоа го прават. Жените се свесни дека овој факт би го влутил нивниот сегашен партнер, па затоа го кријат овој ” мал детал “.