Што ве очекува во ноември според хороскопот



ОВЕН


Ноември е месец на длабоки промени, а астралните влијанија ќе бидат најинтензивни во подрачјето на кариерата и сите примарни улоги кои во животот ги извршувате, а кои бараат одговорност. Интимниот живот би можел да заглави во слепа улица, а посебно во првиот дел од месецот. Планетарните аспекти ќе предизвикаат напнатост во интимните односи, а можеби и ќе бидат причина за зголемување на недовербата и спротивставување на секаква форма на компромис. Ако успеете да го победите своето его и ако и дозволите на другата страна повеќе простор да се изрази, да објасни и без страв да ви каже што мисли за вас, а вие притоа да не се лутите, ќе бидете на многу добар пат кон разврски и продлабочувања.Како резултат на забрзаното животно темпо и стрес, можен е пад на имунитетот, ќе бидете многу лесен плен за вирусите, и ќе морате неколку дена да лежите со зголемена температура. Но, тоа лесно можете да го спречите, ако поодговорно се грижите за своето здравје. Се советува да ја промените исхраната, да пиете повеќе витамински сокови од зеленчук и овошје и да ги задоволите потребите на вашиот организам за релаксација, одмор и сон.

БИК
Односите и поврзаноста со другите ќе бидат вашето огледало. Имате можност да научите повеќе работи за себе, да дознаете што мислат вашите блиски за вас, а браковите и врските ќе проаѓаат низ многу важни промени. Нагласокот на седмото поле од вашата карта повеќе ве изложува на погледите на љубопитните луѓе. Некои односи ќе поминуваат низ криза, други ќе се зацврстат. Доаѓа до промени кои не можете секогаш да ги контролирате, но затоа можете да добиете појасни увиди за тоа што ви е важно во блиските односи, ама и кои ситуации не можете да ги поднесете и зошто. Самците ќе добијат повеќе прилики да го тестираат својот шарм и привлечност, да запознаат некоја личност која ќе им се допадне и со која ќе го поминуваат слободното време. Можеби другата страна нема да се вклопува во вашата визија за идеален партнер, но ако и дадете шанса, би можела да ви покаже дека не е секогаш препорачливо да имате цврсти принципи и да можете да доживеете некои нови искуства и во околностите кои отстапуваат од вашите ставови.Здравствената ситуација ќе биде добра. Имате внатрешна сила, отпорни сте на вирусите и бактериите, но она што понекогаш ќе ви недостасува е внатрешниот мир и спокојство. Иако од надвор ќе изгледате прибрано, во вас ќе вриете од немир, интензивни емоции, а како резултат на тоа помалку ќе спиете.


БЛИЗНАЦИ
Во текот на претстојниот период работата ќе има најважна улога. Љубовта за некое време ќе остане настрана, а нови настани во однос на тоа прашање се очекуваат после 16 во месецот. Се наоѓате во момент кога не можете повеќе да бегате, да се криете и да одложувате. Време е да се соочите со сенките на минатото, да го промените тоа што не ви е по волја и ве држи заглавени во една точка. Па, ако се наоѓате во љубовен триаголник или ако личноста која ви се допаѓа не може да ви го пружи она што вие го барате од неа, ќе дојдете до заклучок дека е време да продолжите понатаму. Ако се двоумите и ако ги оставате работите да бидат такви какви што се, и покрај незадоволството, многу е веројатно некои непријатни случувања да ве присилат на тоа. Енергијата на планетите укажува на тежнеење кон совршенство, а потрагата за личност која би можела да одговори на вашата слика во умот, би можела да биде тешко остварлив идеал. Подгответе се на промени во последната недела од месецот.Кога е во прашање здравјето и формата, ноември е необично важен месец. Ако планирате да престанете со пушење, да ги намалите килограмите или да спроведете некој сличен режим, немојте да се двоумите и направете го тоа. Ќе забележите дека со секој изминат ден се чувствувате се подобро, имате повеќе енергија и не се заморувате многу брзо. Проблемите со ‘рбетот лесно можете да ги решите со помош на пилатес или јога. На тој начин ќе го отпуштите стресот и ќе ја подигнете енергијата.

Страни: 1 2 3 4