
Еве што мажите не забележуваат кај вас:
1 . Необрaснатите нозе – додека жените одбиваат секс бидејќи нивните нозе не се мазни, мажите во повеќето случаи воопшто не ги забележуваат изртените влакненца.
2 . Новата торба – За мажите сите чанти се исти – во нив се ставаат еден куп потребни и непотребни работи.
3 . Нови свеќи – Само гледајте да не го замолите вашиот партнер да купи свеќи – за него сите изгледаат и мирисаат подеднакво …
4 . Недостатокот на шминка – Мажите навистина не забележуваат дали сте со спирала и бронзени бисери, или не.
5 . Новите чевли – Голем процент од мажите немаат навика да погледнуваат една жена под коленото.
6 . Руменило – Мажите немаат поим што е руменило и за што се употребува.
7 . Целулитот – Скоро секоја жена е критична кон телото и опседната со темата за целулитот. Многу од мажите, сепак би се заколнале дека не виделе целулит, бидејќи во нивните сфаќања тој не постои.
8 . Првут – Првутот е проблем само во рекламите за шампони. За време на флертувањето никој маж нема да примети дали имате прашина по палтото.
9 . Нова фризура – Освен ако не ја избричи главата, тој нема да примети дека сте биле на фризер. Разликата треба да е навистина голема, за да му направи впечаток.
10 . Нов Маникир – Прекрасните нокти со нов модерен лак ќе ги импресионира само вашите другарки и колешки. Тој едвај ќе ја забележи новата форма на нокти.
11 . Нови очила – За него сите очила се исти, најважно е само да ја завршат работата.
12 . Темни сенки под очите – Тој нема да забележи дека изгледате уморни, ако му се насмевнете широко. Една насмевка може да ги избрише сите траги од непроспиената ноќ …
13 . Нов кармин – Во неговите очи тоа е само кармин, што понекогаш му создава проблеми и не се осмелува да ве бакне на јавно место.
14 . Нови фармерки – Тој не прави разлика меѓу различните модели на своите фармерки, а да не зборуваме за вашите.
15 . Нов ентериер – Може и да сте се труделе неколку часа за да дадете повеќе комфорт на вашиот дом, но тој нема да го забележи. За него сите овие саксии, завеси, сувенири и слично не постојат.
Извор: woman.hotnews