
Данската диета може да се започне било кој ден во неделата, но се препорачува баш недела..
Диетата трае 13 дена и е прилично тешка, но и ефикасна. Со држење на оваа диета доаѓа до големи промени во организмот, а ефектите траат дури две години.
Не станува збор за традиционална диета, туку начин да се натера организмот да ги согорува мастите побрзо и да го исфрла вишокот на течност, што допринесува диетата да делува и по завршувањето на циклусот од 13 дена, пишуваат falanga.com.au.
Ако ја пратите диетата правилно може да изгубите телесни маснотии ( во зависност од почетната тежина) во распон од 7 па до неверојатни 20 килограми.
Воведни напомени
-Диетата мора да се испрати точно 13 дена, ни помалку ни повеќе и како што е поменато мора да се прати како што е назначено-нема мамење:
-Ако за време на диетата испиете на пр. 1 пиво или 1 чаша вино, џвакате мастика или јадете друга храна различна од онаа пропишаната, морате веднаш диетата да ја прекинете бидејки нема да има никакви резултати. По ова диетата може да се повтори дури после 6 месеци, никако порано:
Ако ја испративте диетата до крај т.е точно 13 дена, не би требало да ја повторите во следите година дена, но се препорачува да не ја повторувате дури и наредните 2 години.-Кога сте гладни пијте вода (најмалку 2 л)
-Кафето може да се замени со чај
-Мора да користите шекер во коцки
-Скоро секој ден се јаде посебна салата така да што било добро да ја припремите за неколку дена однапред
Еве ја рецептата:
САЛАТА – исечете
1 кг моркови
1 кг бела зелка
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 праз
За преливот:
1 дл масло
½ дл јаболков оцет
½ лажичка шекер
½ лажичка сол
Измешајте ги овие состојки и полиете ги преку салатата. Оставете да одстои 1 час. Од време на време, мешајте.
Салатата можете да ја чувате во пластичен сад во фрижидер. Може да се чува свежа до една недела. За едно лице доволно ќе биде и половина одгоре наведената количина.
Данска диета – Мени на јадење по денови
ДЕН 1
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 2 тврдо варени јајца , спанаќ варен во вода, 1 домат
Вечера – 1 голема шницла ( 230 g ) , салата
ДЕН 2
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 парче шунка од мисирка, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 голема шницла, салата
ДЕН 3
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 тврдо варени јајца , 1 парче шунка од мисирка салата
Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје
ДЕН 4
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 1 литар сок, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце , 1 рендан морков, 1 кутија свежо сирење ( 25g)
ДЕН 5
Појадок – 1 голем рендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба ( бакалар , црвена риба , околу 230 g ) со лимон и путер
Вечера – 1 голема шницла, салата , варен целер
ДЕН 6
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков
Вечера – половина пилешко на жар без кожа , салата
ДЕН 7
Појадок – 1 чаша чај без шеќер
Ручек – ништо
Вечера – 1 јагнешка шницла , свежо овошје
ДЕН 8
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка од мисирка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје
ДЕН 9
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 големо парче мисиркина шунка, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 голем стек, салата, овошје
ДЕН 10
Појадок – 1 чаша кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка од мисирка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје
ДЕН 11
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост
Ручек – 1 литар сок, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце , 1 рендан морков, 1 кутија ( 25g ) свежо сирење
ДЕН 12
Појадок – 1 голем рендан морков со лимон
Ручек – 1 голем дел од варена риба со лимон и путер
Вечера – 1 голем стек, салата , варен целер
ДЕН 13
Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков
Вечера – 1/2 пилешко на скара без кожа , салата