Што е поздраво: Интензивен трениг или пешачење?



Повеќето луѓе сметаат дека пешачење е доволно за да бидат фит, но најновото истражување покажало дека пешачењето не е доволно за добри здравствени резултати.


Имено, утврдено е дека еден час интензивен тренинг е еднаков на 50 часа пешачење.

Австралиски научници утврдиле дека со напорни вежби многу поефикасно се губат маснотиите и се намалува нивото на холестеролот.


Студијата е спроведена со помош на доброволци, кои биле поделени во две групи. Едната вежбала еден час дневно трипати неделно. додека другата група имала задача да пешачи најмалку половина час дневно секој ден во неделата.

На тој начин е утврдено дека групата која интензивно вежбала имала многу повеќе здравствени поволности во однос на другата група.


– Експертите главно препорачуваат барем половина час пешачење, но откривме дека се потребни 50 часа пешачење за да се постигне резултатот кој се остварува за само еден час вежбање, изјави Линда Нортон, шефот на истражувачкиот тим.