Секс законите во светот



Знаете ли дека ако предложите некому да имате секс, можете да бидете казнети, па дури и осуден на три месеци затвор?


Еве накратко за секс законите низ светот:

Италија


Во гратчето Тропеја забрането е на “дебелите, инвалидите и неубавите” дами да бидат разголени. Не се прецизира сепак кој има право да одредува која претставничка на понежниот пол е “дебела, инвалид или неубава”.

Индонезија


Во оваа држава мастурбирањето се смета за еден од најстрашните гревови. Маж осомничен за мастурбација, може да биде дури и обезглавен.

Унгарија

Тука не се гледа со добро на сексот. Љубов може да се прави само на темно. Можеби, за да не биде застрашувачко за жителите на соседните станови.

Јапонија

Секс законите во оваа земја не се многу, но има еден кој е многу посебен. Според него, жената може да го убие мажот со голи раце при неверство од негова страна.

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

Во Емиратите забрането е вметнувањето на филмови и списанија насликани со голи жени. Тука нема да видите ни бакнежи на јавно место.

Шведска

Во оваа скандинавска земја најстрого се забранети сексуалните фотосесии. Ако полицијата пронајде кај вас фотографија на голо тело во целиот раст, ќе бидете казнети.

Ирска

Мотото во оваа држава е секс поради продолжување на родот. Во неа нема да најдете кондоми или секс играчки – нивната употреба е строго забранета. Па, ако дамите планираат секс при патувањата низ таа земја, нема да можат да користат презервативи.

Русија

Тука бакнежот на јавно место се смета за прекршување на редот.