Прва помош при недостаток на маж во кревет



Медицинарите од клиниката Мејо, која се наоѓа во градот Рочестер, САД, определија која е најдобрата алтернатива на сопругот во кревет.

Излегува дека тоа е домашно милениче.

Според експертите најдобра замена на отсутниот сопруг во спалната соба се домашните животни – мачки, кучиња и птици.

Медицинарите се на мислење дека соживотот со домашното милениче има позитивен терапевтски ефект и го намалува стресот предизвикан од отсуството на партнерот.

Истражувачите анкетирале 150 лица (82 мажи и 68 жени).

Од нив 74 лица (49 проценти) имале домашно животно, а 31 дури по неколку.