Предупредувачка фаза: Силен ветер, обилни врнежи дожд и снег



Денес (23.03.2016) територијата на Македонија ќе биде зафатена од изразена циклонска активност од Медитеранот. Поради тоа денес времето ќе биде претежно облачно и претежно суво во предпладневните часови.


Веќе во текот на попладневните часови најпрвин во западните, потоа и над целата територија на Македонија ќе има врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

На некои места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи и грмежи. Можно е и локално НЕВРЕМЕ со град. Ќе дува умерен до засилен, на некои места СИЛЕН ветер претежно од југозападен правец кој ќе достигнува брзина од над 70 км/час, а се очекува и снег на планините.


Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени., соопштува meteo24.mk.