Извадок од „Колекционер“: Зошто не боли



ЗОШТО НЕ БОЛИ


Зошто толку не болат грубите зборови и постапки од саканите?

– Затоа што сме им дале пристап до внатрешноста од нашето битие, таму кај што нема оклопи и панцири врз нашите емоции. Таму кај што кожата е нежна и ранлива. Таму кај што се наоѓаат прекидачите што ги палат и гасат нашите сијалички. Таму кај што се наоѓа славината на нашиот живот и целата негова смисла.


Таму, не се пушта секој бе брат…
Не се пушта секој.
————————
Извадок од Колекционер, Драган Таневски