Во Богданци, братче свири ВИОЛИНА и собира ДОНАЦИИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ на својата сестра



Семејството Прочкови во Богданци мораат да ги соберат потребни средства за лекување на деветгодишната Ивана која требало да се оперира во Германија. Братот Никола неодамна во своето училиште на виолина свиреше хуманитарен јавен час за донирање средства. Изведе неколку дела а беше придружуван на пијано од својата професорката.

Како што информира Канал ВИС, Ивана има искривување на рбетниот столб кај вратот 51 процент и е потребен оперативен зафат во Германија за што се потребни околу 58 илјади евра. Хуманитарен концерт за помош на малата Ивана одржа и фолклорниот ансамбл Мегдан. Семејството Прочкови верува во хуманоста на луѓето за што се отворени и телефонските линии за донирање.

телефони за донации

070 143 181
075 143 850
077 143 704