Поезијата на извонредната Искра Донева, ќе ви ги разбуди најискрените емоции



Извонредната поетеса Искра Донева и покрај нејзината специфична здравствена состојба е креатор на прекрасни поетични дела како ,Скакулче игра плочка“, „Татко“, „Лазарополски хаикуа“, „Јас принцеза од бајките“ и многу други дела кои ги будат најдлабоките емоции на читателот.

Престојните празници пак се наменети токму за тоа: за добра мисла, љубов и искра надеж. Доколку си купите дело од Искра Донева, ќе се вљубите во неа и несомнено ќе се пронајдете себеси во некоја од приказните. А доколку некому подарите дело од Искра за престојните празници, нема да згрешите, бидејќи овие дела се безвременски. Сеедно за кого ќе ја намените книгата на Искра, со нејзино купување ќе сторите и добро дело. Имено, Искра Донева од своето раѓање боледува од церебрална парализа, а нејзината состојба бара постојана терапија и медицина за која се потребни средства.

Поезијата на Искра можете да ја најдете на http://www.kupikniga.mk/SearchPreview.aspx и
http://donacii.novaiskra.org.mk/, а собраните парични сретства ќе и бидат од голема помош на неа. Парични сретства можете да донирате и на жиро сметка на Тутунска Банка АД Скопје со број 210-700000596686. Изборот на книги е голем и за сечиј вкус.

Да ја поттикнеме сите Искра за да бидеме сведоци на уште повеќе вакви безвременски поезии.