Песната на Милена Лунеска ќе го допре и вашето срце



Автор: Милена Лунеска


Срцето мое

Не будете ме во утрата рани,


мугрите нека бидат само мои,

невино покријте ме со денот,


заслужувам прегратка нежна.

Срцето скитник чекав да се врати,

цела ноќ, скиташе со сонот!

Тешки мисли одамна како сенки го газат,

минатото искусно, со шепот мами,

лаже, заедно со спомени стари,

секоја вечер, на луда дружба го кани!

Предизвик… и за поголеми сонливи херои!

А ноќта…ноќта демне, чека,

баш такви скитници сака,

со стапици, замки во мракот,

далеку од желбите, звездите,

во дусевна темница ги носи!

Ех, срцето мое скитник е голем,

но, не може така лесно да го заведе сонот!

Патот за назад добро го знае…

уморено повторно дојде, во градите мои!

Затоа не будете ме во утрата рани,

мугрите нека бидат само мои,

невино покрите ме со денот,

заслужувам прегратка нежна!

 

 

Доколку имате и сакате некое ваше дело да биде објавено испратете го на нашиот mail: lady@lady.mk