Утре промоција на долгоочекуваната книга „Колекционер“ на Драган Таневски



Во клубот на Младинскиот Културен Центар утре на 08.12.2015година со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана книгата „Колекционер“ од Драган Таневски.


Драган Таневски е роден како Хомо Сапиенс, за среќа – од човечки родители. Завршил неколку школи: нижо алтруистичко, средно бонвиванско. Дипломирал на факултетот по авантуризам, а магистрирал имагинација и фантазија. Доктор е по филантропија.

До сега неколку пати паднал на испитите по шовинизам и мизантропија и тие накрај дигнале раце од него. Дури бил прогласен за изгубен случај.


Драган Таневски има постигнато значаен успех и по курсевите одење по облаци и нуркање во соништата.