П.С.Фешн со модна ревија под вода покажа што ќе биде тренд на плажите ова лето



„ Анализирајќи го составот на дами кои членуваат во нашиот ВИП клуб, забележавме интересен факт кој ни укажа дека голем дел од членовите се од Струмица и Тетово. Токму затоа, со цел да се доближиме поблиску до оние кои навистина ја ценат вредноста на нашиот бренд, решивме да ја прошириме продажната мрежа прво во Струмица, а веднаш потоа и во Тетово. Струмичанки имаат навистина префинет вкус, па веруваме дека со отварањето на продажниот салон на П.С. Фешн во Струмица, ќе им овозможиме да ги купуваат своите омилени парчиња многу поблиску до нив”, ни изјави Марија Михаилова, Генерален менаџер на П.С. Фешн Македонија.

Како што доликува на бренд кој е вистински промотер на стилот и добриот вкус, П.С.Фешн со модна ревија ја претстави својата летна колекција на аксесоари и костуми за капење на Базен Аеродром. Пред бројни пријатели на брендот, познати јавни личности и медиуми, макенките на модното студио „Црнокрак” во два дела претставија што овој бренд подготви за жените како препорака за нивниот летен изглед.


„Со ова покажавме дека П.С.Фешн е вистински трендсетер на македонскиот пазар. Брендот има голем број пријатели кои го поддржуваат и без кои, немаше да биде на ова ниво каде што е во моментов. Нашата определба е да шириме модна култура, да ги предизвикуваме дамите да ги следат светските модни трендови и едноставно, да носат стилски парчиња кои П.С.Фешн со задоволство ги креира за нив”, изјави Марија Михаилова, Генерален менаџер на П.С.Фешн Македонија.
Како амбасадори на брендот, на ревијата присуствуваа Дани Димитровска, екипата на естрадниот магазин Бекстејџ и Елена Стефановска. Во првите редови можеа да се видат и други познати македонски јавни личности како и дел од бизнис заедницата.

Ревијата заврши со подводно фотографирање на моделите кои ги носеа летните костими за капење на П.С.Фешн, со што се даде убава завршница на оваа стилска манифестација.


П.С.Фешн го продолжи трендот на промоција на модните парчиња преку ексклузивни модни ревии со уникатен концепт. По ревијата во состав на Fashion Week Skopje одржана во Скопје Сити Мол, ова е втор настан од овој тип во текот на оваа година. Од брендот најавуваат дека со ова ќе започне летото исполнето со активности наменети за дамите, со цел летната колекција да биде дел од сечија модна комбинација ова лето.