Ова е најљубоморната жена во светот! 



Деби Вуд (43) е претерано љубоморна жена. Таа на нејзиниот 12 години помлад сопруг Стив,  го изложува на пеколни маки, само и само за да докаже дека не го изневерува.


Двојката е заедно со години, но свадбата долго била одложена. Поради болната љубомора на младоженката, мажот бил принуден да трпи голем број на ограничувања.

Деби му забранила да ја гледа секоја програма, во која се појавуваат жени од страв некоја да не му се допадне. Таа му го проверува постојано телефонот и мејлот, а има и купено детектор за лаги и го употребува врз него секој ден !


Оваа нејзина љубомора сепак не е опсесија, туку има медицинско објаснување. Таа е дијагностицирана со синдромот на “Отело”, кој предизвикува страшна љубомора.

Експертите сметаат дека болеста се појавила после напуштењето од поранешниот долгогодишен партнер. Тоа и направило силна емоционална траума. Деби си ветила никогаш повеќе да не се вљубува, но се вљубила во Стив. 15% од луѓето кои го имаат синдромот “Отело”, покажуваат насилство кон партнерите.


Но, Деби уште пред нивниот брак, побарала помош и третман.

– Знам дека го направив тежок животот на Стив, но тој остана до мене, па затоа верувам дека тој е вистинскиот. Мислам дека многу жени имаат овој синдром, но не се свесни за тоа. И тоа е поради притисоците на општеството – жените да бидат тенки, со руса коса и големи гради. Имам среќа што Стив ме разбира – вели Деби.

“Беше тешко, но вредеше. Некогаш кога сум нервозен детекторот покажува дека лага, бидејќи добивам палпитации и Деби не ми верува. Треба да ја убедувам секој ден дека не ја изневерувам и да се молам да ми поверува. Но ние сме сродни души и ќе се справиме “, вели Стив.