Времето денес и до крајот на оваа недела



Во Скопје во утринските часови услови за слаб дожд кој постепено ќе престанува, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 15°C, соопштува weather4all.com.mk. Во вторник во Македонија ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 12°C, а максималните дневни температури од 11°C до 18°C. Нестабилното време ќе продолжи и во среда. Во среда ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11°C односно до 18°C.


Од четврток се очекува продор на студена воздушна маса во Македонија која ќе услови засилен студен ветер кој ќе дува од северен правец, а се очекува и пад на утринските и дневните температури. Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровто. Во североисточните и крајните источни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планинските предели над 1400 метри со услови за слаб снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 1°C до 9°C, а максималните дневни температури од 8°C до 16°C.

Во петок по студеното утро во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 6°C до 14°C.


Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и постудено. Ќе дува умерен севрен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -3°C до 6°C, а максималните дневни температури од 5°C до 13°C. Појава на утринска магла ќе има и во недела. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -4°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C.